
септември 22, 2019
28 Државен натпревар во Прва помош 2019 –Пехар за 3-то место за екипата на Црвен крст Кочани
Во организација на Црвен крст на Република Македонија, викендов во Битола се оддржа 28 Државен натпревар по прва помош под мотото “Прва помош на маргинализирани групи”.
Екипата што ја претставуваше ОО на Црвен крст Кочани го освои високото трето место во натпреварувањето.
На натпреварот учевство зедоа 28 младински екипи од исто толку општински организации на Црвен крст од Македонија. Тие се натпреваруваа во укажување на прва помош на симулирани случаи на повреди.
Натпреварот беше организиран на две траектории со 7 пункта. Четири за укажување на прва помош, два пункта од забавен карактер и еден пункт за дисеминација.