Прва Помош

ЦРВЕН КРСТ НА РСМ – ЛИДЕР ВО ЕДУКАЦИЈАТА ПО ПРВА ПОМОШ

Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на Република Северна Македонија бр.302/20) Црвениот крст на РСМ е единствена овластена организација за спроведување на курсеви по прва помош за кандидати за возачи.


Со цел да обезбедиме максимален квалитет од областа на прва помош постојано ја унапредуваме дејноста преку зајакнување на капацитетите на курсна настава, соработуваме со соодветни релевантни чинители и установи во земјава и надвор, ја акредитиравме  едукацијата на предавачите и ја модернизираме опремата за изведување на наставата.

Се залагаме за постојано подобрување на квалитетот на  програмите за прва помош, креирани согласно потребите на различни целни групи како деца на предшколска возраст, ученици од основните и средните училишта,  кандидати за возачи на моторни возила, лица одговорни за безбедноста и здравјето на работното место, лица со посебни потреби, популација од руралните области итн.

Црвениот крст на Република Северна Македонија настојува првата помош да биде достапна за секого. Се стреми барем едно лице во секое семејство да има можност да ги научи вештините за укажување прва помош. Ние сме лидери во превенцијата, подготовката и одговор при различни животно загрозувачки ситуации и ги нудиме своите услуги на заедницата.

 

 

 

Тргнувајќи од фактот дека првата помош е витална иницијална интервенција која помага за намалување на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување, Црвениот крст/Црвената полумесечина настојува првата помош да биде достапна за секого и да барем едно лице во секое семејство има можност да научи да укажува прва помош.

 

Црвениот крст на Република Македонија, како членка на Европскиот Референтен Центар за Едукација по прва помош и лидер во едукацијата по прва помош, е институција која континуирано ги следи препораките и новитетите во областа на првата помош и истите ги воведува во едукацијата за различни целни групи, а се со цел да овозможи квалитет на своите програми за прва помош. Црвениот крст на Р.Македонија исполнувајќи ги условите во однос на критериумите и стандардите пропишани од Европскиот референтен центар за прва помош го доби правото да издава сертификати по прва помош за кандидати за возачи со знакот на EFAC.

Црвениот крст на Р.М се залага, во насока на обезбедување на квалитетна и достапна едукација и вештини за прва помош на секој граѓанин без разлика на неговиот социо економски статус, вера, националност, професија и други дискриминирачки фактори.

Ве советуваме и Вие да ги посетите некои од обуките за прва помош кои ги организира Црвениот крст на Република Македонија

Обуки за прва помош за кандидати за возачи

Превземањето на навременни активности и применувањето на исправни и соодветни мерки за укажување на прва помош во случај на незгоди вклучувајќи ги и сообраќајните незгоди е значајно при спасувањето на човечки животи.

За да можете да му помогнете на повредениот важно е да првата помош ја укажете навремено и исправно. Неправилно укажаната прва помош може да доведе до загрозување на животот на повредениот.

Со посета на обуките кои Општинските организации на Црвен крст ги спроведуваат Вие ќе стекнете

  • теоретско и практично знаење и вештини за укажување на прва помош. Обуката трае 8 часа, на крајот од истата е потребно да полагате испит и при успешно полагање добивате уверение за прва помош за возачи и прирачник за прва помош за возачи
    Цена на курсот е 1500 денари.

Прва помош за работни организации

Согласно Законот за Безбедност и здравје при работа секоја работна организација мора да обезбеди обука за прва помош за своите вработени.

Црвениот крст организира три вида на курсеви за работни организации и тоа:

  • Основен курс (6 часа) – Цена 1200,00 ден.
  • Напреден курс 1 (8часа) – Цена 1500,00 ден.
  • Напреден курс 2 (13 часа) – цена 2000,00 ден

Прва помош за разчлични целни групи

Во зависност од интересот и потребите Црвениот крст на Р.М организира и специфични обуки за прва помош затоа Ве молиме обратете се до најблиската општинска организација на Црвен крст и побарајте повеќе информации….

< врати се назад