октомври 25, 2019

‘Чисти рачиња носат здравје” – работилници за превенција од грип настинки и хепатити на деца од предучилишна возраст

Во периодот од 21 до 25 октомври, Црвен крст на Република Македонија – Општинска органзација Кочани спроведе 11 работилници на тема превенција од грип и настинка наменети за деца од предучилишна возраст, со акцент на правилна заштита и превенција од заразна жолтица хепатит А, а во контекст на прогласената епидемија од жолтица во Кочани.

Дечињата од петте  клона на Детската градинка “Павлина Велјанова” во Кочани и Оризари, Детската градинка „Ѕвездички“ во Чешиново-Облешево, Детската градинка во Зрновци како и децата од Дневниот центар за деца Амичи и Центарот за ран детски раазвој во Тркање ,практикуваа стекнување на здрави навики за правилно миење на рацете, употреба на марамче како најлесен начин за превенција од грип , настинка и хепатити .

Работилниците имаа за цел едукација на најмладите за намалување на ризикот од ширење на вируси и бактерии кои се едни од најголемите причинители на болести во градинките.

Методот на работа вклучуваше интерактивна дискусија прилагодена на возраста на децата и боење на тематски цртежи.

Работилниците беа спроведени од страна на лекар,а притоа беа обфатени 200 дечиња.

 

< врати се назад