
септември 25, 2019
Дефилирај, не се фолирај
Под мотото ”Дефилирај, не се фолирај” стотина ученици од основните училишта од Кочани, посебната паралелка од ОУ”Малина Попиванова” како и волонтери од Клубот на млади и учесници во ЦКА-ПХВ циклусот за 2019 година денеска дефилираа низ централните градски улици во Кочани.
Дефилето започна од Паркот на револуцијата до Градскиот плоштад и назад, а преку него учесниците испратија пораки за мир, соживот, толеранција и почитување на различностите.
Овој настан се организира во рамки на Неделата на промоција на хумани вредности која традиционално се обележува во периодот од 21-27 септември секоја година на унифициран начин, во повеќе градови низ Македонија.