
октомври 17, 2019
Дисеминациска сесија во ОУ”Климент Охридски” во Облешево
Со цел запознавање со настанокот и работата на Црвениот крст, Општинската организација на Црвен крст Кочани спроведе дисеминациска сесија за учениците од осмо и девето одделние при ОУ”Климент Охридски” во Облешево.
На сесијата присутните слушатели се запознаа со настанокот на Црвен крст, амблемот , основните принципи на движењето како и можноста за волонтирање на локално ниво и приклучување кон Клубот на млади при Црвен крст Кочани.
Сесијата беше спроведена од страна на обучен дисеминатор и на истата присувствуваа 35 ученици.