септември 24, 2019

Дисеминациска сесија во ОУ”Страшо Пинџур” во Чешиново

Со цел запознавање со настанокот и работата на Црвениот крст, Општинската организација на Црвен крст Кочани  спроведе дисеминациска сесија со учениците од девето одделние при ОУ”Страшо Пинџур” во Чешиново.

На сесијата присутните слушатели се запознаа настанокот на Црвен крст, амблемот , основните принципи на движењето како и можноста за волонтирање на локално ниво и приклучување кон  Клубот на млади при Црвен крст Кочани.

Сесијата беше спроведена од страна на обучен дисеминатор.

 

< врати се назад