април 15, 2021

Државна лотарија на Македонија и Црвен крст со заедничка хуманитарна акција за поддршка на лица од трето доба

Мобилен тим на Општинската организација на Црвен крст Кочани во текот на минатата недела дистрибуираше 90 пакетчиња со витамини и суплементи, наменети за 30 возрасни лица од општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци. 

Активноста е поддржана од страна на Државна лотарија на Макдонија преку издвојување на процент од продажбата на инстант лозовите “Еко скутер” во пакет “Среќа плус”. 

Целта на оваа дистрибуција е да се обезбеди грижа, поддршка и здравствена заштита на лицата во трето доба како најзагрозена категорија на граѓани погодена од КОВИД-19. 

< врати се назад