декември 2, 2019

Едукации на тема „Превенција од зависности“ за основците од Кочани

Во рамки на проектот „Превенција од зависности“ во периодот од 30.10 до 02.12 2019 се спроведоа 29 едукативни работилници наменети за ученците од седмо, осмо и девето одделение од основните училишта во Кочани.

Преку дискусија и интеракција учениците се запознаа и ги научија штетните ефекти од пушењето, алкохолизмот и наркоманијата, а воедно имаа можност да споделат и лични искуства во врска со темата.

Проектот е на иницијатива на Агенцијата за млади и спорт, а предавањата беа спроведени од Викторија Андонова и Иле Матеничарски врснички едукатори од Црвен крст Кочани .

Вкупно беа опфатени 680 ученици.

 

< врати се назад