октомври 18, 2019

Едукативно предавања по повод Европскиот ден на трговија со луѓе

Во рамки на одбележување на Европскиот ден на трговија со луѓе – 18 октомври,  обучен врснички едукатор од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Кочани, спроведе едукативно предавања на тема трговија со луѓе во СОУ”Љупчо Сантов” во Кочани.

На предавањато присутните слушатели се запознаа со поимот трговија со луѓе, облиците на трговија со луѓе ,начини на подведување  како и заштита и препознавање на истата.

Покрај ова учениците дискутираа за случаи со трговија со луѓе во Македонија преку примери од секојдневното живеење.

На предавањето присуствуваа 31 слушател.

< врати се назад