
Хуманитарни активности на училишните клубови на Црвен крст при ОУ „Раде Кратовче“ и „Кирил и Методиј“
Во рамки на предновогодишните активности на училишните клубови на Црвен крст, во ОУ „Раде Кратовче„ се одржа проекција на филмот „ The Grinich“. Проекцијата беше наменета за учениците во оваа воспитно образовна инстутиција . Средствата собрани од оваа активност ќе бидат наменети за обезебдување на новогодишни пакетчиња за децата сместени на детското одделение при Општа болница Кочани. Воедно и членовите на училишниот клуб на Црвен крст при ОУ „Кирил и Методиј“ пред маркетот „Моневи“ во Стришани собираа продукти и новогодишни пакетчиња како донација од граѓаните, со намена за децата од кочанската болница.
Волонтери на Црвен крст Кочани заедно со Дедо Мраз традиционално пред Нова година го посетуваат детското одделение при Општа болница Кочани делејки новогодишни пакетчиња и подароци на дечињата.