
ноември 11, 2019
Крводарителска акција во ПС Кочани
Во организација на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кочани, а со поддршка на Институтот за трансфузиона медицина – Скопје во просториите на Полициската станица во Кочани се спроведе крводарителска акција наменета за вработените во кочанската полиција.
Акцијата беше успешно спроведена и на истата се собраа 25 единица крв.