декември 19, 2019

Крводарителска акција во СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани

Во рамки на годишниот план за крводарителски акции денес во просториите на СОУ”Љупчо Сантов” во Кочани се оддржа крводарителска акција наменета за учениците и вработените во оваа воспитно образновна институција.  На акцијата се собраа 19 единици крв.

Акцијата беше во организација на Црвен крст на РМ- Општинска организација Кочани, а се спроведе со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Штип.

Црвен крст Кочани во соработка со СОУ”Љупчо Сантов” на годишно ниво организираат 2 крводарителски акции за вработените и учениците во месец, април и декември.

Воедно на 18 декември  се одржа и мотивациска работилница за крводарителство од страна на мотиваротор за крводарителство Дејан Арсов   наменета за учениците од СОУ „Љупчо Сантов“.

 

< врати се назад