
Летен младински едукативен камп
Во организација на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кочани и Клубот на млади во периодот од 13-15 август во месноста “Кај Дабот” во селото Бели се оддржа едукативен камп на тема подготвеност и дејствување при катастрофи.
На кампот присувствуваа претставници од 8 Општински организации на Црвен крст меѓу кои волонтери од Виница, Штип, Куманово, Радовиш, Пробиштип, Струмица, Битола и Свети Николе како и волонтери од Црвен крст Кочани.
Во текот на трите дена волонтерите се запознаа подетлано со природните катастрофи , безбедност и ризици на терен, дистрибуција на хуманитарна помош, употреба на противпожарни апарати како и правилна проценка на терен. Воедно младинците се запознаа и со користење на радио врски како и во делот на првата помош со тријажа. Покрај ова беше спроведено и предавање за укажување на прва психилошка помош во случај на катастрофа.
Предавањата беа спроведени од страна на професионалци од Териотиријалната противпожарна единица од Кочани, лекар како и психолог од Гешталд Центарот “Младен Костиќ” -Аспекти од Скопје.
На кампот присувствуваа 43 волонтери.

