
јули 18, 2019
Мерење на крвен притисок и шеќер во крвта за граѓаните на Кочани
Во рамки на активностите за справување со топлотен бран, Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кочани спроведе активност за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта за граѓаните на Кочани.
На пунктот на Градскиот плоштад доктор и медицински персонал ги вршеа потребните мерења, а воедно даваа и совети за правилна регулација на крвниот притисок и шеќерот како и совети заштита од високите температури.
Вкупно беа прегледани 80 лица.

