
август 22, 2019
Мерње на крвен притисок и шеќер во крвта во рамки на активностите за заштита и превенција од топлотен бран
Во рамки на активностите за справување со топлотен бран Црвен крст на Република Македонија –Општинска организација Кочани спроведе активност за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта за граѓаните на Кочани.
За таа цел на пунктот кај Градскиот плоштад доктори ги вршеа потребните мерења, а воедно даваа и совети за правилна регулација на крвниот притисок и шеќерот како и совети за заштита од високите температури.
Вкупно беа прегледани 50 лица.

