март 20, 2020

Мобилни тимови на Црвен крст Кочани за поддршка на болни и изнемоштени граѓани.

 

Телефонските броеви 070/373-677 и 070/360-855

Поради новонастаната ситуација, а со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати лица и да се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонските броеви во периодот од 08.30 до 12.00 часот.

Мобилниот тим, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост наложени од Владата, ќе дојде до нивниот дом, ќе им ја пружи потребната помош и поддршка, а дополнително и ќе им бидат обезбедени потребните прехранбени намирници, средства за хигиена и потребни лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките и законските одредби на Владата , како и препораките дадени од Општината, да се однесувааат одговорно кон своето здравје и кон здравјето на сите во заедницата.

Ви стоиме на располагање:

Црвен Крст Кочани

< врати се назад