
октомври 18, 2019
Недела на борба против гладта, 16-22 октомври
Под мотото “Помислете и на нас”, а во рамки на одбележување на Неделата на гладта, волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Кочани, како и членовите на училишниот клуб на Црвен крст од ОУ”Раде Кратовче” изминативе денови организира активност за продажба на вредносни бонови.
На поставениот штанд на бензинската станица ЕКО-ОИЛ кај селото Тркање волонтерите продаваа вредносни бонови, а воедно бонови се продаваа и во повеќе реони на градот Кочани.
Средствата собрани од оваа активност ќе бидат наменети за обезбедување на прехрамбени пакети за семејства од социјален ризик.

