декември 27, 2019

Новогодишни пакетчиња и подароци за децата сместени на детското одделение при Општа болница Кочани

Црвен крст на Република Македонија- Oпштинска организација Кочани со свои волонтери, а во соработка со ЈЗУ Општа болница Кочани извршија посета на детското одделение при оваа установа каде на дечињата сместени на ова одделение им подарија новогодишни пакетчиња и подароци со желби за брзо опоравување.

Новогодишните пакетчиња беа обезбедени од страна на Општинската организација на Црвен крст Кочани со средства собрани од хумантарните активности што ги организираа Училишните клубови на Црвен крст од ОУ”Раде Кратовче” и ОУ „ Кирил и Методиј“.

Воедно вработените од Ј.З.У Општа болница Кочани донираа и облека која ќе биде дистрибуирана до социјално загрозени семејства.

< врати се назад