
октомври 1, 2019
Одбележан 1 октомври, Меѓународен ден на старите лица
По повод 1 октомври-Меѓународен ден на старите лица, волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Кочани денес ги посетија пензионерите од Здружението на пензионери Кочани.
Во нивниот Клуб на пензионери , волонтерите заедно со членовите на кочанското здржение организираа заедничка дружба каде играа друштвени игри како карти, шах, табла и слично.
Воедно волонтерите и пензионерите дружбата ја искористија и за размена на искуства од времето на нивното живеење како и изразување благодарност од пензионерите за посветеното внимание.
Меѓународниот ден на стари лица традиционално се одбележува на 1 октомври секоја година.