
септември 14, 2019
Одбележан 14 септември, Светски ден на прва помош
По повод 14 септември, Светски ден на прва помош,волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Кочани изведоа демонстрација на укажување на прва помош на повредени лица.
На поставениот пункт во Градскиот парк екипата што ќе ја претставува Општинската организација на Црвен крст Кочани на Државниот натпревар во прва помош во Битола укажуваше помош на симулирани случаи на повреди.
Воедно заинтересираните граѓани имаа можност да ја проследат целата симулација.
Светскиот ден на прва помош се одбележува насекаде низ светот како начин да се промовира важноста на првата помош во секојдневното живеење.