декември 4, 2019

Одбележан 5-ти Декември – Светски ден на волонтерството

По повод 5-ти Декември Светски ден на волонтерството, Црвен крст  Кочани организираше пригодна свеченост на која беа презентирани изработените проекти во овогодинешниот ПХВ циклус ,а воедно беа доделени и благодарници на волонтерите учесници.

 

Во салата за состаноци на Општина Кочани по тој повод пред присутните волонтери говор одржа Претседателот  на Општинската организација , Дејанче Арсов кој им се заблагодари на волонтерите за својот ангажман во организацијата,а исто така ја истакна и нивната важност во спороведувањето на разни активности во кои волонтерите се главни носители.

Исто така Верече Василова Лидер на Клубот на млади при Црвен крст Кочани, ги поздрави присутните волонтери, истакнувајки ги бенефитите со кои се здобиваат со волонтирање во организацијата, како и нивниот придонес во развојот и градењето на здраво и хумано општество.

 Присутните волонтери ги поздрави и дисеминаторот за овогодинешниот циклус на ПХВ , Викторија Андонова која  им се заблагодари за посветеноста во изработка на малите проекти.


По завршување на свеченоста волонтерите ја продолжија својата дружба на орган

изираниот коктел.

 

Светскиот ден на волонтерство го прославуваат над 17 милиони волонтери од целиот свет во рамките на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

< врати се назад