
ноември 14, 2019
Одбележан Светскиот ден на дијабетесот – 14 ноември
По повод Светскот ден на дијабетесот – 14 ноември, Општинската организација на Црвен крст Кочани во соработка со Ротари Клубот Кочани-Виница и Здружението на дијабетичари од Кочани организираа заедничка активност за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок.
На пункот кај Градскиот плоштад заинтересиранте граѓани имаа можност бесплатно да се проверат, а воедно медицински лица даваа совети за правилна регулација на крвниот притисок и шеќерот во крвта како и совети за правилна заштита.
Вкупно беа прегледани 86 лица.