
ноември 14, 2019
Одбележана Неделата на борба против шеќерна болест
По повод Неделата на борба против шеќерна болест, Црвен крст Кочани спроведе две едукативни предавања за вработените во основните улилишта “Никола Карев” од Кочани и “Крсте Петков Мисирков” од Оризари.
На предавањата слушателите се запознаа со симптомите на шеќерната болест како и нејзино навремено откривање и правилно третирање. Едукациите беа наменети за наставниците во овие воспитно образовни институции.
Вкупно беа обфатени 50 лица.