октомври 5, 2019

Одбележана Неделата на млади на Црвен крст на РМ

Во склоп на манифестацијата Денови на кочанскиот ориз денес во Градскиот парк во Кочани, волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Кочани традиционално ја одбележаа Неделата на млади на Црвен крст на РМ.

За таа цел тие организираа отворен ден на кој ги промовира своите активности според кои Клубот на млади е најпрепознатлив во областа во која дејствува и на тој начин ги запознаа потенцијалните волонтери, партнери и врсници со истите.
Волонтерите имаа поставено платно каде минувачите оставаа отпечаток од својата дланка, а воедно делеа и едукативни материјали од областа на дејствување на Црвен крст.

Инаку според календарот на активности на Црвен крст на РМ, Неделата на млади традиционално се одбележува во периодот од 01-07 Октомври секоја година.

 

   

< врати се назад