
јануари 28, 2020
Одржана првата ЦКА-ПХВ работилница
Одржана првата ЦКА-ПХВ работилница
Во организација на Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Кочани на ден 28.01.2020 година во просториите на ОУ”Раде Кратовче” во Кочани се одржа првата од предвидените три работилници во новиот ПХВ циклус за 2020 година.
Работилницата беше спроведена од обучен ПХВ дисеминатор Христина Христова ,а на истата учество зедоа 31 младинци од основните и средните училишта од Кочани.
Присутните се запознаа со историјатот на Црвениот крст, неговиот настанок и дејствување, женевските конвенции и дополнителни протоколи како и компонентите на движењето.
По завршувањето на првата обука следуваат уште две обуки на кои младинците подетално ќе се запознаат со самата програма и начинот на изработка на мали проекти за добробит на заедницата по што истите активно ќе дејствуваат на терен со цел задоволување на потребите на избраните целни групи, документација на проектите и нивна успешна реализација.



