
Отворени училишни клубови на Црвен крст во ОУ”Малина Попиванова” Кочани и ОУ” Синиша Стоилов” во Зрновци
Со цел зајакнување на капацитетите на волонтери Општинската организација на Црвен крст отвори два нови училишни клубови во ОУ “Малина Попиванова” во Кочани и ОУ “Синиша Стоилов ” во Општина Зрновци.
Клубови ќе работат според унифициран план на активности со цел постојано да се надоградуваат и прошируваат капацитетите на младинското работење.
Во училишните клубови ќе се промовира методологијата на врсничка едукација во делот на градење на здрави животни навики кај младите, промовирање на првата помош како и вклучување во социјално-хуманитарни активности.
За врме на отварањето на училишните клубови беа потпишани и меморандуми за соработка помеѓу двете образoвни институции и Општинската организација на Црвен крст Кочани.
Општинската организација во идниот период ќе продолжи со зголемување на бројот на училишни клубови на територијата која ја покрива и ќе работи на развивање на формите на волонтерско организирање кај младите за нивно активно вклучување во програмските активности на Црвениот крст и членство во организацијата.