септември 21, 2019

ПХВ ДЕФИЛЕ

По повод одбележување на Неделата на промоција на хумани вредности во среда 25.09 со почеток од  11:00ч ќе се оддржи ПХВ дефиле низ кочанските улици.

Дефилето ќе започне од Паркот на револуцијата , па се до  Градскиот плоштад и назад, а на него учевство ќе земат младинците од ПХВ циклусот за 2019 година, волонтери од Клубот на млади како и ученици од основните училишта од Општина Кочани и учениците од посебната паралелка при ОУ”Малина Попиванова” од Кочани.

Целта на дефилето е да се промовира соживот, мир, толеранција и меѓусебно почитување преку вклучување на лица од различни етникуми, лица со попреченост  и останати граѓани.

ПХВ неделата традиционално се обележува секоја година во во периодот од 21 до 27 септември со цел промовирање на културата како систем од вредности, мирот , соживотот и толернацијата како и активирање на младите на локално ниво како пример за заедницата.

< врати се назад