
септември 23, 2019
Предавање за превенција од туберкулоза во ОУ”Никола Карев” Кочани
Во рамки на одбележување на Неделата на борба против туберкулозата, Општинската организација на Црвен крст Кочани спроведе превентивно едукативно предавање за учениците од 6-то до 9-то одделение при ОУ”Никола Карев” во Кочани.
На предавањето учениците се запознаа со начините на пренесување на белодробната туберкулоза, знаците на болеста, , мерките за заштита и начините на лекување на ова хронично заразно заболување.
Неделата за борба против туберкулозата се одбележува секоја година во треттата недела од месец септември.
Предавањето беше спроведено од страна на лекар.