декември 23, 2019

Предновогодишна креативна работилница во ОУ „Малина Попиванова“ Кочани

Членовите на училишниот клуб при ОУ „ Малина Попиванова“ денеска изработуваа креативни новогодишни украси, во рамки на предновогодишните активности на училишните клубови на Црвен крст Кочани. 

На работилницата учествуваа и волонтери од Клубот на млади, а изработките ќе бидат наменети за украсување на просториите на Црвен крст Кочани.

Во текот на неделава планирано е да се спроведат  предновогодишни активности  и со останатите училишни клубови.

 

< врати се назад