септември 3, 2019

Пријавете се за учество на бесплатниот освежителен курс по прва помош за возачи

Во рамки на кампањата “Твоето незнаење чини живот” Општинската организација на Црвен крст Кочани организира бесплатен освежителен курс по прва помош.
За таа цел на ден 06.09 (петок) со почеток од 17:00ч во просториите на Црвен крст Кочани ќе се спроведе 90 минутен освежителен курс по прва помош за возачи .

Сите заинтересирани граѓани може да се пријават во просториите на Црвен крст Кочани, на телефонскиот број 033/271-015 или во порака на фејсбук и инстаграм страницата.

Целта е да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода како и правилно укажување на истата.

< врати се назад