септември 14, 2019

Сите информации на новата веб страница www.crvenkrst-kocani.org.mk

Од денес сите содржини и активности поврзани со Црвен крст Кочани граѓаните ќе можат да ги најдат на новата веб страница www.crvenkrst-kocani.org.mk.

Навременото информирање и комуникација со публиката се важни за зголемување на видливоста и кредибилитетот на Црвениот крст заради обезбедување на транспарентност во работењето и градење врски со заедницата.

Поради ова Црвен крст Кочани континуирано работи во делот на информирање на заедницата преку споделување на информации на фејсбук и инстаграм страните, а од денес и на својата официјална веб страница.

На неа ќе може да се информирате за активностите на Општинската организација како останати информации во врска со организацијата.

Воедно може да не следите и на фејсбук и
Instagram: https://www.instagram.com/crvenkrstkocani/

< врати се назад