СТРУКТУРА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Црвениот крст на РМ е организиран на:

  • Државно ниво
  • Општинско ниво
  • На ниво на Град Скопје
  • Основно ниво

Раководна структура на Црвениот крст на РМ:

  • Собрание
  • Претседател
  • Потпретседател
  • Раководен  одбор
  • Финансиска комисија

Највисоко раководно тело на Црвениот крст на РМ- Општинска организација Кочани е Собранието на Црвениот крст на РМ- Општинска организација Кочани  кое брои вкупно 17 члена.

Собранието е составено од:

  • Избрани членови од Основните организации
  • Избрани членови предложени од Младите на Црвениот крст.
  • Мандатот на членовите во Собранието е 4 (четири) години со можност за повторен избор.
  • Раководниот одбор на Собранието на Црвениот крст на РМ-Општинска организација Кочани  е орган на Собранието кој раководи со Општинската организација помеѓу седниците на Собранието.Бројот на членовите на Раководниот одбор е 7.
  • Мандатот на членовите на Раководниот одбор трае 4 (четири) години со можност за повторен избор, но не повеќе од два последователни мандати.
  • Членовите на Финансиската комисија се бираат од редот на членовите на Собранието на Црвениот крст на РМ-Општинска организација Кочани , со мандат на членовите на Финансиската комисија од 4 (четири) години со можност за повторен избор но не повеќе од два последователни мандати.
  • Раководниот одбор формира постојани и / или времени советодавни тела.

Постојани советодавни тела се:

  • Комисија за развој и организационо-кадровски прашања;
  • Комисија за статут и нормативни акти.
  • За извршување на секојдневната оперативна работа, Собранието формира Стручна служба, која ги врши стручните , материјално-финансиските и административно-техничките работи.
  • Со Стручната служба раководи Секретар.
  • Членовите на Црвениот крст на РМ – Општинска организација Кочани опфатени во подмладокот и младината се организираат во : Клуб на млади на Црвен крст Кочани.

< врати се назад