ноември 29, 2019

Црвен крст Кочани се вклучи во акцијата за пошумување на Осоговските планини

Црвен крст Кочани со свои волонтери се вклучи во пошумување на опожарените предели кај Градската депонија во подножјето на Осоговските планини.

Ова беше прва акцијата за пошумување,  а планирано е етапно да се засадат околу 1300 садници бор. Истата имаше за цел обновување на шумскиот фонд на планината како и придонес во борбата против аерозагадувањто во Кочани.

Акција беше во организација на  Општина Кочани во соработка со Шумското стопанство „Осогово“-Кочани.

< врати се назад