декември 12, 2019

Едукативни предавања на тема ХИВ/СИДА

По повод Светскиот  ден за борба против ХИВ/СИДА, Црвен крст Кочани организираше едукативни предавања наменети за членовите на училишните клубови при ОУ „Малина Попиванова“, ОУ „Раде Кратовче“, ОУ „Страшо Пинџур“ Чешиново и ОУ „Синиша Стоилов“ Зрновци.

Врсничките едукатори Бојана Постолова, Верче Василова и Марија Иванова ги запознаа учениците  со поимот ХИВ/СИДА, начин на пренесување,симптоми  како и правилна заштита од сексуално преносливи болести и инфекции .

 

Овие едукативни предавања имаат за цел да ја подигнат свесноста на младата популација за ризиците од пренесување на ХИВ/СИДА и сексуално преносливи болести инфекции  заради навремена информираност на загрозените групи.

< врати се назад