август 31, 2019

Освежителен курс по прва помош за вработените во СОУ”Гошо Викентиев” Кочани

Под мотото “Твоето незнаење чини живот” Црвен крст Кочани спроведе уште еден во низата освежителни курсеви по прва помош за возачи.

Во просториите на СОУ”Гошо Викентиев” Кочани вработените во оваа воспитно образовна институција ги освежија знаењата во врска со првата помош. Тие подетално се запознаа со начини за правилно укажување на прва помош во случај на бесознание, обилно крваење и скршеници.

Овие курсеви имаат за цел да ги освежат знаењата на возачите во делот на првата помош како и да ја истакнат важноста на правилено укажување на прва помош во случај на животозагрозувачка ситуација.

Предавањето беше спроведено од страна на лекар и на истото присувствуваа 24 слушатели.

 

< врати се назад