август 29, 2019

Освежителен курс по прва помош

Во склоп на националната кампања за прва помош под мотото “Твоето незнаење чини живот” денес во просториите на Црвен крст Кочани се спроведе освежителен курс по прва помош за возачи.

На истиот присутните слушатели се запознаа со првата помош како животоспасувачка техника,а воедно им беа објаснети начини за правилно укажување на прва помош во случај на бесознание, обилно крварње и скршеници.

Целта на кампањата е да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода како и правилно укажување на истата.

Исти вакви освежителни курсеви изминатиов период беа спроведени и со вработените во Територијалната противпожарна единица Кочани како и во Полициската станица Кочани.

< врати се назад