јули 5, 2019

Предавање на тема прва помош во случај на епилепсија и колапс за вработените во Детската градинка во Зрновци

 

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кочани во рамки на своите активности за запознавање на наставниот кадар во училиштата и детските градинки за техники на укажување на прва помош, спроведе едукативно предавање на тема прва помош со акцент на епилепсија и колапс за вработениот персонал во Детската градинка во Општина Зрновци.

На предавањето слушателите се запознаа со начин за правилно препознавање на симптомите на епилепсија и колапс како и техники за правилен третман и укажување на прва помош.

Целта е да се зголеми подготвеноста на персонал за правилна реакција во случај на ваков вид медицинска состојба кај дечињата.

Предавањето беше спроведено од страна на лекар, а на истото присувствуваа 8 слушатели.

< врати се назад