јули 26, 2019

Проекција на филмот Aquaman

Во организација на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кочани и Клубот на млади на ден 25.07.2018 година во НУЦК”Бели Мугри” во Кочани се одржа проекција на филмот Aquaman.

Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за организирање на младински едукативен камп со цел јакнење на капацитетите на волонтерите од Клубот на млади на одредена тема во рамки на програмските дејности на Црвениот крст.

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кочани и Клубот на млади изразуваат јавна благодарност за подршката во реализација на овој настан од страна на директорот и вработените во НУЦК”Бели Мугри” Кочани.

 
< врати се назад