октомври 16, 2019

Работилница за учесниците од проектот Еразмус +

 

Гости од Романија, Турција, Словачка,Италија и Норвешка деновиве престојуваат во Кочани во рамки на проектот Еразмус + што се спроведува преку училиштето СОУ”Љупчо Сантов” во Кочани.

За таа цел волонтери од Клубот на млади при Општинската организација Кочани и Извидничкиот одред “Ластовица” денес во Градскиот парк во Кочани организираа заедничка работилница.

Тие играа друштвени игри, игри за тимска работа, учеа прва помош, а воедно им беа презентирани активности кои ги работат волонтерите во Клубот на млади.

 

 

 
< врати се назад