ноември 29, 2019

Со посета на планинското село Полаки одбележана Неделата за грижа на стари лица

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Кочани изврши посета на месното население во планинското село Полаки, во рамки на одбележување на Неделата за грижа на стари лица.

При посетата од страна на медицинско лице беа прегледани 25 жители  на кои им беше измерен крвен  притисок и шеќер во крвта. Исто така беа поделени 24 прехрамбени пакети обезбедени со средства собрани од кампањата за Денот на гладта.

Црвен крст Кочани веќе неколку години наназад во рамки на Неделата за грижа на стари лица ги посетува овие планински предели со цел пружење поддршка на месното население и грижа за истото.

< врати се назад