јули 14, 2019

Волонтери од Црвен крст Кочани учевствуваа на Петровденскиот планинарски марш

 

Волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Кочани зедоа учевство на традиционалниот Петровденски марш што беше во организација на Планинарски спортскиот клуб Осогово од Кочани.
Маршот започна од селото Пантелеј па се до локалитетот Раткова скала кој се наоѓа на 1250м надморска височина на Осоговските планини, а патеката беше во должина од 21 километар.

Петровденскиот планинарски марш се организира во рамки на чествувањето на празникот на градот Петровден.

< врати се назад